Ветеранот Елиуд Кипчоге триумфираше со рекорд на патеката на маратонот во Мелбурн

Легендарниот кениски маратонец Елиуд Кипчоге, на 41-годишна возраст, триумфираше на маратонот во Мелбурн со време од 2:09:10 часа, поставувајќи нов рекорд на патеката.

За двократниот олимписки шампион ова е 17-та победа на класичната маратонска дистанца и прв триумф по Берлинскиот маратон во 2023 година.

Второто место го освои Австралиецот Томас до Канто со 2:10:35 часа, додека трет заврши неговиот сонародник Рис Едвардс.

Кај жените најбрза беше Новозеланѓанката Камил Френч со време од 2:28:25 часа.

Маратонот во Мелбурн е дел од амбициозниот проект на Кипчоге да истрча маратони на сите седум континенти во период од две години.