Антонели ќе тргне од пол-позиција во САД

Италијанскиот возач Кими Антонели беше најбрз во квалификациите за Големата награда на САД во Формула 1 и ја освои пол-позицијата на патеката во Остин.

Младиот возач на Мерцедес успеа да биде побрз Макс Ферстапен од Ред Бул во борбата за најдобрата стартна позиција.

Трет во квалификациите беше вториот возач на Ред Бул, Исак Хаџар, по што следеа Шарл Леклер и Луис Хамилтон од Ферари.

Трката за Големата награда на САД се вози вечерва од 21 часот.