Охрид лесно го надигра Драгунас во првиот меч од ЕХФ Купот

ГРК Охрид денес и утре ќе одигра два натпревари во рамките на третото коло од ЕХФ Европскиот куп.

Противник на актуелниот бранител на титулата е Драгунас Клаипеда.

Тренерот Борис Ројевиќ и неговите избраници, со оглед на составот со кој располагаат, влегуваат како големи фаворити.

Останува оваа улога да ја оправдаат и на теренот.

„Тимот на Драгунас Клаипеда игра навистина добро. Го мина првото коло, па очекуваме тежок натпревар. Ќе се подготвиме најдобро што можеме и ќе се обидеме да победиме на двата натпревари. Се надеваме дека на трибините ќе има голем број навивачи“, изјави Доминик Мате.

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и Драгунас Клаипеда започнува во 18:00 часот.