Симеоне: Очекувам емотивен натпревар на „Олд Трафорд“
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, сака неговите играчи да бидат агресивни во играта против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Атлетико создаде многу шанси на првиот натпревар во Мадрид , но дуелот заврши со резултат 1:1.
“Тоа ќе биде емотивен натпревар на фантастичен стадион. Ќе мора да одиграме на најдобар начин. Мораме добро да се браниме и да ги контролираме нашите акции, да бидеме агресивни и да примениме интензивен притисок, кој го правиме доста добро“, изјави Симеоне на прес-конференција пред дуелот на „Олд Трафорд“.