Суарез потврди дека заминува од Атлетико на крајот од сезоната
Уругвајскиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Луис Суарез најави дека ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната 2021/22.
35-годишниот напаѓач објави благодарност до навивачите на Атлетико Мадрид во која покажува незаборавни моменти од неговата кариера во клубот.
„Ви благодарам многу на сите за вашата љубов и поддршка секогаш. Ви благодарам многу за вашите срца“, напиша Луис Суарез на социјалните мрежи.
Претходно беше објавено дека раководството на Атлетико одлучило да не го продолжи договорот со фудбалерот кој истекува на лето. По завршувањето на сезоната тој ќе се пресели во Интер Мајами во сопственост на Дејвид Бекам.