Асенсио заминува од Реал, менаџерот тврди дека има четири понуди

Реал Мадрид е спремен да го продаде Марко Асенсио, па неколку заинтересирани клубови веќе работат на трансферот.

Асенсио има договот со „кралевите“ до јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Менаџерот на Асенсио, Жорге Мендеш е во преговори со Реал Мадрид за продолжување на соработката, но фудбалерот не е задоволен од понудата.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Асенсио е спремен на лето да ја промени средината, па веќе започна битката за неговиот потпис.