Гвардиола инсистира на доведување на Френки де Јонг
Манчестер Сити е заинтересиран за потписот на играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, објавија медиумите во Англија.
Според истите, за трансферот е заинтересиран лично Пеп Гвардиола. Шпанецот го гледа Френки де Јонг како замена за Фернандињо, кој ќе го напушти тимот на лето. Претходно беше објавено дека интерес за играчот покажал и Манчестер Јунајтед.
Де Јонг (24) му се приклучи на шпанскиот тим од Ајакс во 2019 година. Оваа сезона холандскиот играч од средниот ред има одиграно 43 натпревари на кои постигна четири гола и пет асистенции.