Швајцарецот Шер доби нов двегодишен договор во Њукасл
Англискиот премиерлигаш Њукасл Јунајтед денеска потврди дека дефанзивецот Фабијан Шер потпиша нов двегодишен договор. Репрезентативецот на Швајцарија беше клучен дел од тимот на Еди Хау оваа сезона, играјќи цели 90 минути во 22 од првите 24 натпревари.
30-годишниот фудбалер пристигна во Њукасл од шпанскиот тим Депортиво Ла Коруња во 2018 година и има 98 настапи за „страчките“ во сите натпреварувања, постигнувајќи девет гола.
„Апсолутно сум воодушевен. Тоа е она што отсекогаш го сакав – да останам овде за да играм за овој неверојатен клуб“, изјавил Шер.