Адетокумбо: Леброн уште е најдобар светски кошаркар

Јанис Адетокумбо се уште верува дека Леброн Џејмс е најдобриот кошаркар на денешницата.

Додека многумина веруваат дека нивото на Џејмс благо опаднало во последните години и дека тој повеќе не е на врвот поради годините, Гркот не го дели тоа мислење.

„Интересно ми е како Леброн се уште е најдобрата физичка форма во својот живот и се уште е најдобар во светот иако е во својата 18-та сезона. Навистина сум заинтересиран за тоа. Сакам да знам како му оди сето тоа. Константен е 18 години, секогаш е тука кога треба. За мене е неверојатно“, изјави Адетокумбо.

Асот на Лејкерс минатата сезона имаше просек од 30,3 поени, 8,2 скока, 6,2 асистенции, 1,3 украдени топки и 1,1 блокада по натпревар.