Литванија европски кадетски првак во Скопје

Кадетската репрезентацијата на Литванија е нов европски шампион во кошарка. Во големото финале, одиграно синоќа во „Борис Трајковски“ во Скопје, Литванија ја победи Шпанија со 77-68.    

Мантас Лоренцикас со 26 поени и шест скока беше најдобар играч победничкиот тим. Литванија по серијата од четири порази во финалните натпревари на Европските шампионати з аиграчи до 16 години и за прв пат по 2008 година, ја освои титулата. 

Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Франција ја совлада Грција со 65-46. На шампионатот во Скопје учествуваше и македонската репрезентација која го освои 12. место.