Гвардиола: Нема да ја освоиме Лигата на шампиони ако се ослонуваме само на Ерлинг Халанд
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, истакнува дека Ерлинг Халанд има квалитет да му помогне на екипата во освојувањето на Лигата на шампионите, меѓутоа норвешкиот напаѓач тоа не може да го направи сам.
Халанд ова лето во Сити пристигна од Борусија Дортмунд, и досега постигна 10 гола во првите шест натпревари од Премиер лигата. Тој во Лигата на шампионите има одиграно 19 натпревари и постигнато 23 погодоци.
„Сите играчи кои клубот се одлучи да ги доведе оваа сезона, се во функција да го подобрат тимот. Дали тоа ќе ни биде доволно за освојување на Лигата на шампионите не знам но верувам дека имаме шанси. Меѓутоа ако се ослонуваме само на Ерлинг, тогаш нема да ја освоиме ЛШ, бидејќи сите во тимот треба да играат добро за да создаваат шанси кои Халанд треба да ги реализира“, коментира Гвардиола.