Станковиќ кандидат за тренер на Интер
Италијанскиот весник „Тутоспорт“ пренесува дека бившиот тренер на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ, е еден од кандидатите за преземање на тренерската позиција во Интер, доколку Симоне Инзаги добие отказ.
Интер во првите пет кола во Серија А забележа три победи и два порази, и екипата се наоѓа на осмото место од табелата со девет бода. Интер новата сезона во Лигата на шампионите ја започна со пораз од Баерн Минхен со резултат 2:0.
Според информациите, челниците на Интер одржале состанок со Инзаги на кој му е даден ултиматум според кој тој мора да победи во наредните три натпревари против Лацио, Удинезе и Викторија Плзен.
Во случај Инзаги да добие отказ, 43-годишниот Станковиќ кој е поранешен играч на клубот најверојатно ќе добие понуда за преземање на тренерското место.