Кел: Моравме да го продадеме Халанд
Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел, тврди дека германскиот клуб морал да го продаде Норвежанецот Ерлинг Халанд.
Како што е познато, Халанд во летниот преоден рок стигна во Манчестер Сити за обештетување од 60 милиони евра.
„Иако Халанд од наша страна беше многу ценет за се она што го направи за клубот, тој дефинитивно стана терет, како за соблекувалната така и за клубот. Суштината е во тоа што се во клубот се вртеше околу него. Поради тоа беше време да го продадеме, и мислам дека тоа е одлична работа и за нас и за Сити. Потврда за ова е фактот што десет гола за нашиот клуб оваа сезона ги постигнаа десет различни играчи“, истакнува Кел.
22-годишниот Халанд за Дортмунд настапуваше од декември 2019. до јуни оваа година. Тој за овој клуб постигна 86 голови на 89 натпревари.