Алегри: Не размислувам за отказ
Италијанскиот гигант Јувентус има доста проблеми на почетокот од новата сезона како во Серија А така и во Лигата на шампионите каде по две одиграни кола има два порази, од ПСЖ и Бенфика.
Вчерашниот пораз од Бенфика на домашен терен го вклучи алармот кај навивачите кои веќе започнаа со барање на одговорност за честите порази. Дел од нив побараа и оставка од тренерот Алегри, но тој изјавува дека не размислува за оставка.
„Мора да најдам решение, и се чувствувам како дел од решението. Не мислев дека ќе имаме два порази по ред. Важно е да се подобриме и да останеме во Лигата на шампионите. Никогаш претходно не сум загубил два натпревари во групите од ЛШ, но за се постои прв пат. Во моментов не размислувам за оставка“, изјавува Масимилијано Алегри.