Бускетс на крајот од сезоната заминува од Барселона
Според информациите кои ги пренесуваат шпанските медиуми, играчот на Барселона Серхио Бускетс по завршувањето на сезоната ќе го напушти клубот од Камп Ноу.
Договорот на 34-годишниот Бускетс со Барселона истекува 2023 година и тој најавува дека нема намера да преговара за продолжување на истиот.
Како негова нова фудбалска дестинација се споменува американската МЛС лига и тимот на Интер од Мајами.
Бускетс своето деби во дресот на Барселона го имаше во 2008 година. Тој со Каталонците има освоено 30 трофеи.