Рибери ја заврши играчката кариера

Францускиот фудбалер Франк Рибери соопшти дека во својата 39.година ја заврши својата професионална кариера.

„Болката во коленото само се влошува и добив јасна порака од докторите дека немам повеќе избор, и морам да престанам да играм фудбал, па така ставам точка на својата кариера“, изјави Рибери во видео снимка објавена на социјалните мрежи.

Во својата богата кариера, Рибери настапуваше за Булоњ, Олимпик Але, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн Минхен, Фиорентина и Салернитана.

Најголема трага остави играјќи за Баерн Минхен каде настапуваше 12 години и каде освои 23 трофеи. За француската репрезентација одигра 81 натпревар, и постигна 16 голови.