Атлетико Мадрид ќе му понуди нов договор на Симеоне

Според вестите од шпанските медиуми, Диего Симеоне ќе добие нов договор од Атлетико Мадрид. На аргентинскиот тренер ќе му биде понуден договор со важност до 2026.година, и се очекува тој да го прифати истиот без двоумење.

Симеоне неколку пати претходно изјави дека сака да остане во Атлетико додека не ја освои Лигата на шампионите. Постоеја шпекулации дека поради лошите резултати на клубот,челниците на Атлетико би можеле да се одлучат за разделба со популарниот Чоло, меѓутоа е одлучено да му се продолжи довербата. Тимот од Мадрид во актуелната сезона веќе испадна од Лигата на шампиони, а во Ла Лига има големо заостанување во однос на Реал и Барса.