Далиќ: Ни требаат 4-5 бода да ја поминеме групата

Хрватска и Мароко одиграа натпревар без голови, трет на овој Мундијал. Хрватите можеби беа поблиску до победата, но сепак на крајот не успеаа да постигнат гол.

По ремито, повеќе задоволни се Мароканците, а хрватскиот селектор Златко Далиќ вината ја префрли на играчите на теренот и тврди дека немале доволно храброст.

„Очекувавме тежок натпревар. Противникот беше тежок, тие чекаа контранапад, а ние се плашевме да не ја загубиме топката. Мароко беше добар, продолжуваме понатаму и ни требаат четири или пет бода за да ја освоиме групата. Во одбраната користевме нешто поискусни играчи. Ни недостигаа одлучност и храброст. Сега сме на сечија мета, поинаку е од пред четири години“, изјави Далиќ.