Кристијано Роналдо својата кариера ја продолжува во Њукасл или Ал Наср
Англиските медиуми пренесуваат дека португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо, својата фудбалска кариера најверојатно ќе ја продолжи во англискиот Њукасл или во клубот Ал Наср од Саудиска Арабија.
Како што е познато, Роналдо и Манчестер Јунајтед соопштија дека постигнаа договор за раскинување на договорот после интервјуто во кое играчот ги критикуваше сопствениците на клубот, тренерот Тен Хаг и некои соиграчи.
Медиумите во Англија потсетуваат дека Роналдо и во летниот период имал богата понуда од Ал Наср, меѓутоа тој ја одби понудата бидејќи сакаше да остане во европскиот фудбал.