Куртоа е голман на годината според ИФФХ

Тибо Куртоа е прогласен за голман на годината за 2022 година во изборот кој го направи Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Куртоа освои 125 поени во рангирањето, оставајќи го зад себе на втората позиција чуварот на мрежата на аргентинската фудбалска репрезентација, Емилијано Мартинез, кој собра 110 поени.

Третото место му припадна на уште едно извонредно голманско име од СП во Катар, Мароканецот Јасин Боно, кој брани и за Севиља и кој собра 55 поени.

Меѓу најдобрите пет на листата на најдобри голмани за минатата година се и Доминик Ливаковиќ од Хрватска и Уго Лорис од Франција.