Галтие го брани Нејмар од големите критики за нездравиот живот и лошите настапи
По поразот од Баерн во осминафиналето од Лигата на шампионите посебно во центарот на вниманието се најде Бразилецот Нејмар.
Имено, Нејмар истата вечер по поразот отиде да игра покер и според многумина тоа е потег каков што не смеел да си дозволи по еден пораз во така важен натпревар. Освен тоа тој се критикуваше и за јадењето во Мекдоналдс.
Посебено потезите се истакнуваа поради изјавата на Мбапе по натпреварот.
„Мислам дека пред се мораме да бидеме здрави. Сите би требало добро да јадеме, добро да спиеме и да се припремиме најдобро што можеме. Видовте дека кога игравме напаѓачки им создававме проблеми. Одиме да победиме и да се пласираме во четвртфиналето“, изјави тогаш Мбапе.
За оваа ситуација денес прашање доби тренерот Галтие.
„Тоа што Килијан го кажа во микс-зоната, го кажа и во соблекувалната и јас стојам зад тоа затоа што мислам дека е навистина добро“.
Сепак, не сакаше да го поврзува со Нејмар.
„Нема да ги поврзувам Нејмар со неговите зборови. Разговарав со Нејмар и му кажав што мислам. Нема да ви откривам што разговаравме и тоа ќе остане меѓу нас. Што се однесува до покерот, тој има право на тоа кога има слободен ден. Чувствува голема страст кон покерот и тоа си е негова лична работа“, изјави Галтие.