Рамсдејл „топџија“ до 2028 година

Арсенал денес потврди дека голманот Арон Рамсдејл ставил потпис на нов договор и ја продолжил верноста со клубот од „Емирати“.

Откако ја загубија трката во Премиер лигата, „топџиите“ сега имаат причина за славје бидејќи еден од најважните играчи останува во тимот до 2028 година.

25-годишниот Рамсдејл се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Премиер лигата и ќе биде важна алка за „топџиите“ во наредните години. Добрите партии оваа сезона му донесоа нов договор и значително повисока плата.