Жоао Феликс: Во Атлетико не се вклопив во филозофијата на тренерот

Жоао Феликс е едно од имињата кои го одбележаа почеток на сезоната. Португалецот во Барселона е брилијантен, но и самиот задоволен од новиот чекор во кариерата.

„Најтешкото нешто сега е да се одржи нивото “, вели Феликс за последните свои настапи во дресот на Каталонците.

Португалецот вели дека сакал да игра за тимот на Барса и дека се потрудил да биде таму ова лето.

„Се откажав од значителна сума пари од мојата плата. Но, требаше да сменам, требаше да одам на место каде што ќе можам да го играм мојот фудбал. Во Атлетико не ми беше добро, бидејќи не се адаптирав на идеите на клубот и тренерот. Слично беше и во Челзи. Сега во Барселона е поинаку“, вели Феликс, кој на последниот меч на Барса во ЛШ постигна два гола и запиша една асистенција.