Кејн на пат да ги собори рекордите на Левандовски и Герд Милер

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација, Хари Кејн, стана првиот играч кој постигнал 15 гола во неговите први 10 натпревари во германската Бундеслигата. Во 123-годишната историја на Баерн, никогаш немало стрелец со поимпресивен старт во клубот, а Кејн тоа го направи со два хет-трика во низа, од кои вториот беше на дербито против Борусија Дортмунд.

На Кејн, очигледно му е полесно да постигне гол во Германија отколку во англиската Премиер лига и веќе има предвидувања дека би можел да го надмине рекордот на неговиот претходник, Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона. Полјакот достигна 41 во сеозната 2020/21 година и го собори рекордот на Герд Милер, кој долго време изгледаше недостижен.