Нема договор меѓу Црвена Звезда и Олимпија Милано за Пангос
Од Италија стигна веста дека требало да има трампа меѓу Црвена Звезда и Олимпија Милано со цел Кевин Пангос да се пресели во Белград додека Шабаз Напиер да оди во спротивен правец.
Сепак, црвено-белите на крајот не се согласија! Во меѓу време и Валенсија покажа дека е заинтересирана да го доведе плејмејкерот, но се уште нема договор бидејќи Олимпија не сака да плати за да се ослободи од Пангос.
Кошаркарот е во втор план кај тренерот, Еторе Месина и во сезонава поради повреди одигра само пет натпревари во Евролигата.