Србинот Самарџиќ ќе го менува Елмас во Наполи
Ељиф Елмас е пред трансфер во Лајпциг, откако Наполи ја прифати
понудата од 25 милиони евра.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи веќе нашол замена
за „дијамантот“, а станува збор за играчот на Удинезе, Лазар
Самарџиќ.
Самарџиќ ова лето беше на чекор од трансфер во Интер, но
трансферот пропадна бидејќи агентот побара повисока плата.
Наплитанците веќе почнале преговори со агентот на Самарџиќ и
сакаат да го доведат во зимскиот преоден рок како замена за Елмас.
Трансферот на Самрџиќ треба да изнесува 20 милиони евра плус
бонуси.