Милојевиќ претставен како старо-нов тренер на Црвена Звезда

Црвена Звезда го претстави новиот тренер, на местото на Барак Бахар на кормилото на клубот се враќа Владан Милојевиќ.

Милојевиќ на клупата на Звезда се враќа по четири години. Црвено-белите со Милојевиќ на клупатао од 2017 до 2019 година освоија две шампионски титули и играа во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Од моментот кога заминав некаде во мислите знаев дека ќе се вратам. Звезда ми даде многу низ играчката и тренерска кариера. Заминав во момент кога направив добри резултати и кажав дека Звезда секогаш може да смета на мене. Кога стигна понудата не размислував. Добро ме знаете, јас сум некој кој верува во работа и ќе направам се што можам да бидеме сите задоволни. Се надевам дека сезоната ќе ја завршиме онака како што и доликува на Звезда“, изјави Милојевиќ.

Израелецот Бахар доби отказ по поразот во дербито со Партизан, но најмногу му се замеруваше поради лошиот резултат во групната фаза од Лигата на шампионите. Јавноста очекуваше Звезда биде најмалку трета во група со Лајпциг, Јанг Бојс и Манчестер Сити.