Ренан Лоди го менува Марсеј со Саудиска Арабија

Олимпик Марсеј го потврди заминувањето на Ренан Лоди во
Саудиска Арабија.
Тренерот на Марсеј, Џенаро Гатузо, по ремито со Стразбур (1:1)
во натпреварот од 18. коло од францускиот шампионат, ја
коментираше информацијата за можното заминување на
дефанзивецот Ренан Лоди.
„Лоди остана на клупата цел натпревар затоа што ќе си замине.
Ова е прашање кое треба да се упати до раководството на клубот
каде што се водат преговори. Не можам да го убедам играчот да
остане, но оваа вечер не сакавме да ризикуваме повреда или
недостаток на став“, изјави Гатузо.
Марсеј со 28 бода и се искачи на 5. место во поредокот, на Лига 1.
Стразбур е на 9. место со 24 бодови.