Девид Франсис ја менува НФЛ со НБА лигата

Поранешниот НФЛ играч, Девин Франсис, е првиот играч од
професионалниот американски фудбал кој професионално ќе се
испроба и во кошарката.
Американските медиуми пренесуваат дека Франсис потпишал
договор со тимот на Карибиан Сторн Љанерос, кој се натпреварува во
колумбиската елитна лига.
Зад Девин се седум години играње во НФЛ лигата, а најдлабока трага
остави во тимот на Каролина Пантерс (три сезони). Тој исто така
играше и за Индијанаполис Колтс, Грин Беј пекерс, Сан Франциско
Фортинајнерс и Детроит Лајонс. Неговиот последен ангажман во
НФЛ беше пред две години.
Во исто време играше и кошарка, иако рекреативно, но секогаш
имаше силна желба да се испроба во професионалните води.
Му кажав на мојот дедо кога бев дете дека еден ден ќе освојам
Супербол и дека ќе направам кариера во кошарката, изјави неодамна
Франсис.