Кварацкелија најблиску до дресот на ПСЖ
Фудбалерот на Наполи, Квича Кварацкелија, може да замине во ПСЖ откако неговите агенти имале успешни преговори со претставниците на францускиот состав, велат дел од медиумите во Италија.
Тој во сезонава има одиграно 42 меча во сите конкуренции со ефект од 10 голови и девет асистенции.
Неговиот договор е активен со 2027 година а трансферната сума му е околу 80 милиони евра.