Балотели пронајде клуб, пак ќе игра во Серија А

Марио Балотели и претставниците на Џенова ги финализираат преговорите, па наскоро „Супермарио“ повторно ќе го видиме на терените во најсилната италијанска лига. Веќе извесно време двете страни се во преговори, а според одредени добро информирани локални медиуми приказната полека привршува и официјализирањето на соработката треба да се случи во следните неколку дена.

Балотели треба да го потпише договорот до крајот на јуни следната година.

Џенова ќе биде неговиот 13 клуб во шарената кариера.

Воедно ова ќе биде негово враќање во најсилната италијанска лига по пет години кога го носеше дресот на Бреша, клубот од неговиот роден град.