Консеисао: Горд сум што сум дел од Милан
Португалскиот тренер Серџо Консеисао зборуваше за прв пат откако беше назначен за чело на Милан. Тој го замени сонародникот Пауло Фонсека, кој беше отпуштен по ремито 1-1 против Рома.
„Горд сум на моето именување во Милан. Морам да претставувам голем клуб ширум светот, морам да дадам се од себе. Немаме многу време, но мислам дека тоа не е изговор. Сакам фактите и резултатите да зборуваат за мене. Има многу работа пред нас“, рече Консеисао.
49-годишниот тренер ќе дебитира против Јувентус каде настапува неговиот син Франциско. Натпреварот е од полуфиналето на италијанскиот Суперкуп.