По повеќе од две децении Џордан пак ќе биде дел од НБА лигата

По 23 години од последното играње во НБА, Џордан ќе се приклучи на тимот на NBC Sports, каде ќе работи како „специјален соработник“ при преносите на НБА натпреварите.
Се враќа на годишнината од неговиот легендарен број „23“, кој остави голем траг во светот на кошарката.
Џордан, кој беше сопственик на Шарлот Хорнетс до 2023 година, ќе помогне во коментаторскиот тим на NBC, кој ја продолжува својата долгорочна соработка со НБА, со мултимилионски договор за следните 11 сезони.
Ова не е првпат Џордан да има важна улога во НБА и медиумите. И покрај тоа што не се враќа како играч, неговото име и искуство ќе бидат голем додаток на преносите, кои ќе вклучуваат и натпревари од WNBA.