Суарез заминува од МЛС лигата, пензија најреална опција

Фудбалерот, Луис Суарез, ќе го напушти Интер Мајами на крајот на годинава кога ќе му истече договорот со тимот од САД.
38-годишниот ветеран има опција да се врати во татковината во Уругвај или евентуално да означи крај на богатата кариера.
Напаѓачот му се приклучи на Интер Мајами во јануари во 2024 година и досега има одиграно 62 меча и постигнато 34 голови.