УЕФА го премести Кристал Палас од Лига Европа во Конференциската лига

УЕФА одлучи Кристал Палас да не игра во Лига Европа затоа што има исти сопственик како и Лион.

Но, англискиот тим ќе игра во европските натпреварувања, ќе биде дел од Конференциската лига.

Како победник во ФА Купот, на Кристал Палас му следуваше место во Лига Европа, но тоа нема да се случи.

Кристал Палас ќе се жали на ваквата одлука пред судот за Спортска арбитража.