Се повреди Алисон Бекер, ќе го скокне дербито со Челзи

Англискиот шампион Ливерпул поминува низ тежок период. Покрај тоа што го претрпеа вториот последователен пораз во сезоната синоќа, во Ливерпул го загубија и својот стартен голман Алисон Бекер. Во поразот од Галатасарај со 0:1 во Лигата на шампионите, бразилскиот голман се повреди на почетокот на второто полувреме и мораше да биде заменет од Ѓорѓи Мамардашвили. Повредата сигурно ќе го оддалечи за претстојниот натпревар со Челзи, а може да пропушти и повеќе натпревари. Состојбата на Уго Екитике го загрижува и менаџерот Арне Слот, кој беше принуден да го замени и него.

„Не можам точно да ви кажам што се случи со Алисон бидејќи не сум доктор, но обично кога играчот ќе се врати со спринтање, ќе почувствува нешто и ќе падне на земја, тој не се враќа. Ќе мора да почекаме и да видиме колку е сериозна повредата, но дефинитивно нема да може да игра против Челзи оваа сабота. За Екитике, не мислев дека е повреда, но тој рече дека не може да продолжи, па мораше да го извадиме. Да видиме како ќе биде во текот на викендот“, загрижено објасни менаџерот на Ливерпул.