Нотингем Форест го отпушти Анге Постекоглу

Нотингем Форест го објави отпуштањето на 60-годишниот Анге Постекоглу по денешниот пораз од Челзи (0-3) во натпреварот од 8-то коло.

Анге Постекоглу дојде мна местото на Нуно Еспирито Санто на 9 септември и немаше победено ниту еден натпревар во осум натпревари на чело на клубот, вклучувајќи ја и Лигата на Европа – два нерешени резултати и шест порази.

Постекоглу беше на клупата на Нотингем Форест 41 ден, а овој клуб го отпушти вториот тренер оваа сезона.

„Фудбалскиот клуб Нотингем Форест може да потврди дека по серија разочарувачки резултати и настапи, Анге Постекоглу е веднаш разрешен од должноста главен тренер. Клубот нема да дава дополнителни коментари во овој момент“ се вели во соопштението на клубот објавено веднаш по поразот од Челзи.