feature

Хуан Мата стана косопственик на Вестерн Сиднеј Вондерерс

Шпанскиот фудбалер, играчот од средниот ред на австралискиот Вестерн Сиднеј Вондерерс, Хуан Мата, стана еден од ко-сопствениците на американскиот тим Сан Диего. Ова го објави официјалниот сајт на клубот.

Фудбалскиот клуб Сан Диего најавува големо засилување во сопственичката структура на клубот, а како партнер ќе се приклучи шпанската фудбалска легенда и светски шампион Хуан Мата.

„Мата е првиот активен интернационалец кој поседува сопственички интерес во фудбалската лига (МЛС) и му се придружува на Дејвид Бекам како само втор интернационалец кој станал сопственик на клуб од МЛС лигата“, се вели во соопштението на ФК Сан Диего.


Вест Хем упати ултиматум за тренерот Лопетеги: Две победи или отказ!

Претстојните натпревари на Вест Хем против Њукасл и Арсенал ќе ја одредат судбината на менаџерот на „чеканите“, Хулен Лопетеги.

Поранешниот тренер на Реал беше назначен летото на местото на Дејвид Мојс, но тимот оствари само три победи во првите 11 кола од шампионатот и е на пет бода од зоната за испаѓање, што не ги исполнува очекувањата на управата и навивачите.

Според „Гардијан“, за време на паузата за националните тимови, клубот разговарал за опции со потенцијални замени за Лопетеги. Изданието ги спомнува имињата на Един Терзиќ (поранешен тренер на Борусија Дортмунд), Каспер Јулманд (поранешен селектор на Данска), Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика) и тренерот на Штутгарт, Себастијан Хенес. Првите тројца се невработени. Сè уште е достапен и Греам Потер, но според „Гардијан“, поранешниот менаџер на Челзи не е меѓу кандидатите.

Раководството повеќе сака Лопетеги да ги подобри резултатите и да не мора да го менува менаџерот, но евентуалните два порази во следните два натпревари, кои воопшто не се лесни, би можеле да значат и крај на престојот на Шпанецот во Лондон.


Италија суверено го освои „Били Џин Купот“

MALAGA, SPAIN – NOVEMBER 20: Team of Italy lift the Billie Jean King Cup trophy during the trophy presentation on Billie Jean King Cup Finals at Palacio de Deportes Jose Maria Martin Carpena on November 20, 2024 in Malaga, Spain. (Photo by Angel Martinez/Getty Images for ITF)

Репрезентацијата на Италија е победник во купот „Били Џин Кинг“.

За Италија ова е петти трофеј во натпреварувањето. Претходно победи во 2006, 2009, 2010 и 2013 година.

Италија синоќа во Малага стана шеста земја која го освоила турнирот најмалку пет пати. Се израмни со Русија и Шпанија. Повеќе трофеи имаат само Австралија (7), Чешка (11) и САД (18)

Во финалето Италија ја совладаа Словачка. Во годинешниот победнички тим беа Јасмине Паолини, Луциа Бронзети, Елизабета Кокиарето, Сара Ерани и Мартина Тревисан.


Пресврт во желбите: Вирц се сели во Сити за 120 милиони евра?

21-годишниот офанзивен играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц сака да се пресели во англискиот Манчестер Сити за 120 милиони евра, објавија дел од медиумите во Англија.

Според истите, германскиот играч за врска сака да го замени Белгиецот Кевин Де Бруин, кому му истекува договорот со „граѓаните“. Фудбалерот претпочита да се пресели во англиски клуб бидејќи не гледа можност да игра во стартниот состав на Реал Мадрид и Баерн, кои претходно важеа за фаворити за потпис на Германецот.

Вирц оваа сезона учествуваше на 23 натпревари во сите натпреварувања за клубот и репрезентацијата, на кои постигна 10 гола и три асистенции. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, пазарната вредност на фудбалерот е 130 милиони евра.


Раул Алонсо: Одушевен сум од дочекот и горд на изданието на момците

Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер ремизираа (29-29) дома против Фредериција во осмото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Битолскиот тим стигна до четвртиот освоен бод и се наоѓа на шестата позиција која води во осминафинале од елитното европско натпреварување.

На прес-конференцијата по натпреварот зборуваше тренерот Раул Алонсо и дефанзивецот Илија Абутовиќ.

„За мене ова беше посебен натпревар. Имавме краток период за одмор и да се подготвиме заа ваков ривал беше проблем. Воодушевен сум од дочекот на навивачите и горд на борбата на теренот. Не се откажавме се боревме цело време и бркавме негатива. Во првото полувреме можеби не изгледавме најдобро, но во продолжение знаевме дека со помош на публиката може да се вратиме. Имавме шанси и да победиме, но ако не ги искористите шансите не заслужувате да победите, бодот сепак е добар за нас. Сега ќе одмориме пред лиашкиот натпревар, а потоа одиме на гости кај Веспрем. Се надевам нема да имаме проблеми со повреди“, рече новиот тренер на Еурофарм Пелистер.

Во вториот натпревар од осмото коло во групата А, Спортинг Лисабон го декласира ПСЖ со 39-28.


Косово најави жалба за службениот пораз во Букурешт

Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно дисциплинската комисија денеска донесе одлука за прекинатиот меч меѓу Романија и Косово во Лигата на нации.

Средбата не го дочека својот крај, односно гостите одлучија во судиското продолжение да го напуштат теренот поради однесувањето и скандирањата на домашните навивачи. На крајот Романија службено го доби мечот со 3-0, заработи и парична казна, додека Косово исто така беше санкциониран со 6000 евра.

Меѓутоа во Косово не се докрај задоволни од одлуката, па најавија жалба до судот во Лозана поради тоа што УЕФА одлучи да го регистрира мечот со 3-0.

-Не се согласуваме со одлуката да ни се одземат бодови и натпреварот да се регистрира со 3-0 во корист на Романија. Во врска со оваа одлука федерацијата ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана. Ќе продолжиме да ги штитиме правата и интегритетот на нашиот национален тим, -пораа од федерацијата.


Реал уште е највредниот клуб во светот

Мадридски Реал трета година по ред ја предводи листата на највредни фудбалски екипи во светски рамки, покажува истражувањето на специјализираниот финансиски магазин Форбс.
Според Форбс, вредноста на актуелниот европски првак се проценува на 6,6 милијарди долари.

Веднаш зад Реал е Манчестер јунајтед чија вредност порасна на 6,5 милијарди долари, откако британскиот милијардер Џим Ретклиф годинава стана малцински член на хартиите од вредност на клубот, поради продажбата на делови од акциите на американското семејство Глејзер.

Ретклиф треба да преземе 28,9% од сопственоста на клубот од Манчестер до крајот на тековната календарска година.
На листата на Форбс следуваат Барселона (5,6 милијарди долари), Ливерпул (5,4 милијарди долари), Манчестер Сити (5,1 милијарди долари), Баерн Минхен (5 милијарди долари), ПСЖ (4,4 милијарди долари), Тотенхем (3, 2 милијарди долари), Челзи (3,1 милијарди долари) и Арсенал (2,6 милијарди долари).


Тотенхем ќе поднесе жалбата за драконската казна на Бентакур

Тотенхем планира да поднесе жалба на казната на Родриго Бентанкур, пренесува „Телеграф“. Лондончани се надеваат дека ќе го намалат периодот на дисквалификација на 27-годишниот Уругваец.

На 18 ноември, беше објавено дека Фудбалската асоцијација (ФА) го суспендираше Бентанкур на седум натпревари и го казни со 100.000 фунти за расна навреда кон соиграчот Хјун Мин Сон.

Во текот на летото, видео со Бентанкур на уругвајската телевизија беше објавено на интернет. Водителот побара од играчот од средниот ред на Тотенхем да му подари маица на Сон, на што Бентанкур се пошегува дека тоа може да биде дресот на братучедот на фудбалерот бидејќи сите Корејци изгледаат исто. Играчот од средниот ред подоцна му се извини на својот соиграч.


Манчестер Јунајтед се вклучи во трката по Алфонсо Дејвис

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед тргнува во офанзива за потписот на левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, објави „Скај Спортс“.

Алфонсо Дејвис, чиј договор истекува во летото 2025 година, би можел да стане слободен агент на крајот на сезоната доколку Баерн Минхен не успее да се договори за продолжување на актуелниот договор на канадскиот играч. Манчестер Јунајтед сака да ја искористи оваа ситуација и да го привлече одбранбениот играч, бидејќи од јануари секој странски клуб ќе може директно да преговара со фудбалерот.

Сезонава Алфонсо Дејвис одигра 14 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања, на кои имаше и две асистенции.

Share.
Facebook
Twitter


Ракомет Ристовски и Мукаетов ги поздравија македонските ракометарки пред настапот на ЕП 2024

Министерот Ристовски заедно со претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар, Филип Милошевски ги поздрави репрезентативките на денешниот последен тренинг пред заминувањето за Пореч, Хрватска каде ќе ги одработат завршните подготовки пред настапот на ЕП 2024.

„Најважно е да го дадете својот максимум и да дадете сѐ од себе на ова Европско првенство. Ќе почувствувате можеби и позитивен притисок бидејќи цела Македонија ќе ве гледа, ќе навива за вас.

Многу е важно да отидете подготвени да жртвувате дел од себе и од своите емоции, покрај спортскиот квалитет, да дадете нешто за својата држава. Можам да пренесам од лично искуство дека претставува голема чест и задоволство да се настапува за Македонија и е голема привилегија да се носи националниот дрес. Без разлика на резултатот вие секогаш ќе бидете најдобрите од Македонија. Гордо да ја претставите државата, да бидете горди претставници на македонскиот ракомет. За сѐ што ви треба ние сме тука како министерство и како држава да ви помогнеме и сите недостатоци доколку ги има, да се обидеме заедно да ги надминеме и да ги исправиме. Без разлика дали сме таму со вас или овде, сите ќе ве следиме и ќе навиваме. Останете здрави, останете успешни и позитивни. Со среќа на Европското првенство“, им рече министерот Борко Ристовски на македонските репрезентативки.

Македонската репрезентација утре заминува за Пореч, Хрватска каде ќе учествува на турнирот „Кроација куп“ што ќе биде последна проверка пред настапот на ЕП 2024 што ќе се одржи од 28 ноември до 15 декември во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

На ЕП 2024 Македонија е во група со Унгарија и Шведска и со Турција, а натпреварите од прелиминарната фаза ќе ги игра во Дебрецин, Унгарија.