feature

Надал најави скоро враќање на терените

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се надева дека ќе се врати на теренот, пренесува „Мундо Депортиво“. Тој призна дека искрено верува дека повторно ќе игра, но не може да даде точен датум за враќање.

„Пред неколку недели немав таква доверба. Се надевам дека наскоро ќе можам да кажам нешто поконкретно, рече Надал.

Тенисерот тренира повеќе од претходно и нема да се откаже од враќањето.

Триесет и седумгодишниот Шпанец не учествувал на турнири откако се повреди на Австралија Опен во 2023 година. На почетокот на јуни тој беше опериран на мускул на левата нога. На 11 октомври, директорот на Австралија опен, Крег Тајли, потврди дека Надал ќе игра на турнирот во 2024 година.

Во досегашната кариера Надал има освоено 22 Грен слем титули и 92 АТП титули во сингл.


Милано го сака финалето на ЛШ во 2027 година

Стадионот „Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ во Милано, официјално поднесе кандидатура за домаќинство на финалето во Лигата на шампионите.

Градоначалникот го потврди предлогот стадионот да биде домаќин на завршниот меч во 2026 или 2027 година. Доколку понудата биде прифатена, тогаш финалето ќе се врати во Милано по 10 години откако во 2016 –та Реал Мадрид на пенали го совлада Атлетико. 

Tаму се одиграа и финалињата во 1965, 1970 и 2001 година.


Жиру казнет со два натпревари заради исклучувањето во Лече

Милан во следните два натпревари нема да може да смета на својот најдобар стрелец Оливие Жиру.

Фрацузинот доби црвен картон во финишот на мечот против Лече поради навреди кон судијата.

Дисциплинската комисија на Серија А денес му одреди суспензија на два меча, па ќе ги пропушти натпреварите со Фиорентина и Фросиноне.

Ова е додатен проблем за тренерот Пиоли, бидејќи тимот е во резултатска криза, а Жиру е еден од најдобрите поединци.


Тотенхем го сака Кристанте од Рома во зимскиот преоден рок

Луѓето од Тотенхем може да испратат понуда за фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, велат последните информации од Англија.

Воедно, 28-годишниот Италијанец не крие дека сака да се натпреварува на највисоко ниво и да ги покаже неговите квалитети во Премиер конкуренцијата. 

Играчот од средниот ред може да биде совршено засилување за Тотенхем. Се претпоставува дека трансферната сума нема да надмине 30 милиони евра.


Деко најави нов договор за Де Јонг во Барса

Спортскиот директор на Барселона, Деко, вели дека клубот нема да брза да му го продолжи договорот на фудбалерот од средниот ред, Фрeнк де Јонг.

„Оваа година нема да правиме обновување на договорите. Френки е одличен играч, ми се допаѓа. Има и други во слична ситуација, Педри, Рафиња и Феран. Се ќе зависи од него и од ситуацијата во клубот. Се разбира, Де Јонг е одличен играч а ние сакаме да имаме такви играчи“, изјави Деко.


НБА преговара за ТВ правата за сума од 75 милијарди долари

Челниците на НБА-лигата планираат од следната продажба на ТВ правата да заработат неверојатни 75 милијарди долари.

Актуелниот десетгодишен договор за ТВ правата истекува следната сезона (2024/25) кој на НБА и екипите им носи по 2,6 милијарди долари годишно, но од идниот договор сака да добива 7,5 милијарди долари по сезона.

НБА-лигата на заинтересираните телевизии им порача дека сака новиот договор изнесува нешто повеќе од 75 милијарди долари за 10 години, и доколку двете страни најдат заеднички јазик, тоа би бил вториот најголем договор на име на ТВ права во историјата на спортот (НФЛ-лигата во 2021 година ги продаде ТВ правата за следните 11 години за неверојатни 110 милијарди долари).


Виктор Оладипо тренира со Баерн во Минхен

Американскиот кошаркар Виктор Оладипо предизвика потрес во светот на кошарката откако на социјалните мрежи се појави видео како тој тренира во домот на евролигашот Баерн Минхен.

Видео снимката предизвика гласини за негово можно заминување од НБА лигата и преселба во Европа, но до истото бар засега нема да дојде.

Оладипо овие денови присуствува во германскиот град каде е под опсервација на познатиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфахрт кој се грижи за неговата рехабилитација на повредата на левото колено која го оддалечи од теренот од месец април.

31-годишникот кој во кариерата броеше настапи за Орландо, Оклахома, Индијана, Хјустон и Мајами.


Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме

Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски верува дека уште еднаш може да се оствари позитивен резултат со големиот фаворит Италија.

Македонската репрезентација на 17 ноември гостува во Рим во првиот од двата последни натпревара од квалификациите за Европското првенство.

„Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво сме и мислам дека ова е вистинското време, немаме никаков притисок и имаме одлични резултати со Италија на последните натпревари. Одиме да се надигруваме, треба да ги чекаме нашите шанси во против нападите, нормално е тие да имаат поголем посед и контрола врз играта, но ќе се обидеме да ги изненадиме“, изјави Миовски.

Во досегашните четири меѓусебни средби, Македонија и Италија имаат по една победа и два нерешени резултата.


Сити и според супер-компјутерот фаворит за титулата во Англија

Супер-компјутерот на познатата статистичка платформа – „Opta“ ги предвиде шансите на клубовите од англиската Премиерлига да ја освојат шампионската титула во сезоната 2023/2024.

На прво место е Манчестер Сити – 87,1%;, пред Ливерпул – 7,2%;, Арсенал — 5,3%; Тотенхем – 0,2%; и Астон Вила – 0,1%.

„Граѓаните“ се лидери по 12 одиграни натпревари со 28 бодови. Ливерпул и Арсенал имаат по 27 бодови,  Тотенхем со 26 бодови а Астон Вила  25 бодови. Во зоната за испаѓање се Барнли на последното, 20. место со четири бода, Шефилд Јунајтед со пет бода на 19. позиција и Лутон Таун со шест бода на 18. место.


Реал застана во редот за Виртц од Баер Леверкузен

Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.

Покрај Баерн Минхен и Челзи, сега во трката за потписот на Германецот се приклучи и Реал Мадрид. Леверкузен нема лесно да го пушти својот „бисер“, особено поради фактот што Виртц има договор до 2027 година.

Оваа сезона Виртц на 15 настапи постигна 6 гола и запиша 9 асистенции, а Реал Мадрид сака да ја победи конкуренцијата.

„Кралевите“ веќе стапиле во контакт со агентот и на лето се спремни да поудат 80 милиони евра за неговиот потпис.