feature

Алкалоид ја одбрани титулата шаховски првак на Македонија

Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3-3 успеа да стигне до својата 27. титула, сметано од 1992 година до денес, при што тринаесетта во низа.

Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра со младите играчи кои потекнуваат од школата на Алкалоид, но мечот се претвори во можност за сензација, па само сталоженоста и квалитетот на играње под висок притисок им помогна на сениорите да успеат да се вратат во игра, откако резултатот беше 3-1 за ШК Мулти Есенс. Изненадувањето во мечот започна со триумфот на Кирил Николовски на шестата табла, кој го казни грубиот превид на ВМ Звонко Станојоски, по што следуваше и триумфот на втората табла, каде што ВМ Лука Дршаковиќ го надигра ВМ Велимир Ивиќ. Ремито на првата табла, ВМ Александар Инѓиќ против ВМ Леон Ливајиќ, не беше изненадување, но затоа на четвртата табла ИМ Емил Ристески се намачи за да дојде до реми со Стојан Велкоски. Во финишот ИМ Филип Панчевски го совлада Михаил Јорданов на третата табла, а ИМ Тони Лазов блесна во завршницата за да го израмни резултатот во мечот со победа над Матео Ефтовски.

Тоа донесе апсолутен триумф за овие два клуба на конечната табела од Шампионатот! ШК Алкалоид е прв со 13 бода (6 победи и еден нерешен меч), а ШК Мулти Есенс е втор со 12 бода (5 победи и два нерешени меча). И двете екипи останаа непоразени на Шампионатот.

– Со години наназад друг клуб беше наш ривал во борбата за првото место, па откако беше обезбедена таа победа во 4. коло, надвладеа оптимизмот дека работата е завршена. Во меѓувреме младинците од ШК Мулти Есенс играа сѐ подобро од меч во меч и стекнаа голема самодоверба. Тие имаа сѐ што ѝ е потребно на една екипа за успех и навистина ја направија борбата за титулата драматична. Уште еднаш се покажа дека титулите и рејтингот не играат сами, туку победите ги носат играчите кои ќе останат смирени и фокусирани во текот на целата партија и нема да направат грешки. Оваа титула на ШК Алкалоид се должи само на искуството на играчите, кои подобро се снајдоа во последните минути од мечот, додека за ШК Мулти Есенс ова второ место сигурен сум дека има вредност како да се први, бидејќи лани влегоа во елитното друштво и оваа година имаа цел да изборат опстанок, а се случи сензација – изјави ВМ Драган Јаќимовиќ, капитен на ШК Алкалоид.

За шампионскиот тим на Алкалоид, покрај интернационалците ВМ Александар Инѓиќ (актуелен Европски Шампион) и ВМ Велимир Ивиќ на првите две табли, настапија уште и ИМ Филип Панчевски, ИМ Емил Ристески, ИМ Тони Лазов и „велемајсторската гарда“ составена од ВМ Трајко Недев, ВМ Звонко Станојоски и ВМ Драгољуб Јаќимовиќ.
Целосната доминација на ШК Алкалоид на овогодинешните шампионати е комплетирана, со оглед дека претходно женскиот тим на ШК Алкалоид ја освои титулата кај дамите, каде што ИМ Лела Јавакишвили и ВМ Бела Котенашвили играа заедно со ЖИМ Габриела Коскоска, ЖФМ Моника Стојковска, ЖФМ Моника Жежовска и Леа Ефтовска.

Во освојувањето на второто место кај ШК Мулти Есенс учествуваа ВМ Леон Ливајиќ и ВМ Лука Драшковиќ, заедно со Михаил Јорданов, Теодор Јовановски, Стојан Велкоски, Матео Ефтовски, Кирил Николовски и Дино Табаковски. Сите момчиња кои денес се на возраст од дваесетина години од најрана возраст ја учат шаховската игра во јуниорската шаховска школа на Алкалоид!

Следен предизвик за ШК Алкалоид ќе биде новиот настап на Европскиот клупски куп, кој е на програмата од 18 до 26 октомври во Грција.


Дарвин добива астрономска плата во Ријад

Дарвин Нуњез ќе добива 15 милиони евра годишно, плус бонуси од трансферот во Саудиска Арабија.

Синоќа беше објавено дека Ал-Хилал се договорил со Ливерпул за трансфер на уругвајскиот напаѓач за 65 милиони евра и бонуси. Платата на фудбалерот во саудискиот клуб ќе биде значително висока, што веројатно е една од главните причини за негово заминување од Англија.

Дарвин Нуњез постигна пет гола и имаше две асистенции во 30 натпревари во Премиер лигата минатата сезона.


Кевин Лав се согласил на трансфер во Лос Анџелес

Кевин Лав најверојатно жи кариерата ќе ја продол во Лос Анџелес. Според Брет Сигел, Никси губат интерес да потпишат so ветеранот, а двата тима од Лос Анџелес се чини дека се најдобрите опции за Лав.

И двата клуба ќе мора да направат некои прилагодувања пред да потпишат со него.

„Клиперсите и Лејкерсите сè уште имаат по едно место во тимот. Но, ако Лејкерсите сакаат да го добијат Лав и повторно да го спојат со Леброн, ќе мора да се откажат од уште еден договор бидејќи се само 1,1 милион долари под првиот праг на данок на луксуз. Клиперсите се во суштина во истата ситуација, со нивниот простор за ограничување на капиталот за 1,2 милиони долари под тој лимит“, пишува Сигел.

Лав сè уште е под договор со Јута.


Зголемен наградниот фонд на УС Опен

Рекордни пет милиони долари ќе добијат најдобрите на претстојното Отворено првенство на САД. Секако, оваа премија важи за шампионите во поединечна конкуренција во обете натпреварувања.

Во споредбата со минатата година, наградата за шампионите е значително повисока, ако се знае дека лани Арина Сабаленка и Јаник Синер добија по 3,6 милиони долари, па годинашново зголемување е во висина од дури 39 проценти.

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 90 милиони долари, од кои околу една третина ќе бидат платени за даноци. Финалистите во сингл ќе добијат по 2,5 милиони долари, а победниците во двојки и мешани двојки по 1 милион долари


Пролет доведе четири засилувања пред новата сезона

Ракометниот суперлигаш Тинекс Пролет ги стартуваше подготовките за новата сезона. Под водство на тренерот Никола Матлиески подготовките ќе се одржуваат во Скопје, а играчите ќе има по два тренинзи дневно.

Во клубот четири играчи ќе бидат нови во претстојната сезона, а тоа се: Марко Мишевски (поранешен репрезентативец на Македонија) кој во мак-ракометот се враќа од Франција, Марко Трајковски во клубот има настапувано како младинец, голманот Бојан Солев и повратникот во тимот Кристијан Давитковски.

Клубот го напуштија: Стефан Атанасовски и Андреј Петковски.

Екипата ќе одигра и неколку контролни дуели, првиот е на 16.август против прволигашот Мулти Есенс, а потоа ќе следи и настапот на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Желба на сите во клубот е да се стигне до место во Топ 6 и потоа да се разигрува за највисок пласман со најдобрите екипи во македонскиот ракомет.


Рубен Диаш добива нов договор во Сити

Португалскиот репрезентативен стопер Рубен Диaш треба да потпише нов договор со Манчестер сити. Актуелниот договор му истекува во јуни 2027 година.

Тренерот Пеп Гвардиола има на располагање дури седум стопери, но најголема доверба има во Диаш, кој има загарантирано место во првиот тим.

Сити го донесе пред пет години од Бенфика за 70 милиони евра, а досега одигра 222 натпревари за англискиот клуб.

Медиумите не споменуваат до кога ќе трае новиот договор, но јасно е дека ќе добие поголема плата. Претходниот договор му гарантираше годишна плата од 11 милиони евра.


Милан формира кошаркарска секција

Џери Кардинали, раководителот на компанијата „Ред берд капитал“ и мнозински сопственик на Милан, е во контакт со Адам Силвер, комесарот на НБА.

Според веста на „Газета дело спорт“, Милан би можел да добие сестрински клуб во кошарка, сличен на оние што ги имаат Реал Мадрид, Барселона, Фенербахче, Партизан и Црвена звезда.

Близу до такво нешто се и Манчестер сити и Пари Сен Жермен. Причината за создавањето на кошаркарската секција ќе биде НБА-лигата, која има намера да го прошири своето присуство на „стариот континент“.


Шесте најдобри тенисери ќе играат на супер-турнир во Ријад

Најдобрите светски тенисери го потврдија своето учество на овогодинешниот „Six Kings Slam”, кој повторно ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Овој турнир го има најголемиот награден фонд во светот, но интересно е што не е во официјалниот АТП календар и не носи бодови во генералниот пласман. Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Тејлор Фриц, Џејк Дрејпер и Александар Зверев го најавија своето присуство, а секој учесник ќе биде награден со сума од 1,5 милиони евра.

За победникот е предвидена „солена“ награда од дури шест милиони евра, што е двојно повеќе од наградите што тенисерите ги добиваат на најпрестижните Грен-Слем турнири.

Овогодинешното издание на турнирот „Six Kings Slam“ ќе се одржи од 15 до 18 октомври. Најголеми фаворити за трофејот ќе бидат Јаник Синер и Карлос Алкараз.


Барса ќе му ја одземе траката на Тер Штеген

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, ќе ја изгуби капитенската лента на барање на раководството на клубот.

Како што објави „3Cat“, на главниот тренер Ханс-Дитер Флик му било кажано дека е потребно да се назначи нов капитен како дисциплинска мерка против 33-годишниот Германец.

Голманот одбил да потпише извештај за повреда која требало да се достави до медицинската комисија на Ла Лига. Клубот сакал да регистрира нов играч користејќи клаузула во прописите, но за тоа е потребна потврда дека на повредениот ќе му бидат потребни најмалку 4 месеци за да закрепне.

Тер Штеген брани за Барселона од 2014 година. Тековниот договор на играчот е до 2028 година. Во сезоната 2024/25, тој беше на голот девет натпревари во сите натпреварувања и прими 11 гола.


Ванкувер го претстави Томас Милер

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен, Томас Милер, им се приклучи на Ванкувер Вајткепс од МЛС лигата, објави официјалната веб-страница на лигата.

Договорот на играчот со неговиот нов клуб е со важност до крајот на 2025 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона.

35-годишникот го напушти Баерн Минхен во летото 2025 година по завршувањето на Светското клупско првенство. Вкупно, Милер одигра 756 натпревари за тимот од Минхен во сите натпреварувања, постигна 250 гола и имаше 276 асистенции.

Како дел од тимот на Баерн Минхен, Милер освои 33 трофеи, вклучувајќи два трофеи од Лигата на шампионите. Покрај тоа, германскиот играч е светски шампион во 2014 година.