УГД Штип загуби на дебито во Холандија во ЛШ

Одбојкарскиот првак на Македонија екипата на УГД Штип, немаше сила да се носи со Орион Старс од Холандија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во првиот натпревар кој се одигра во земјата на „лалињата“, на дебито во елитното друштво, УГД Штип доживеа пораз од 0-3 во сетови од ривалот (13-25, 19-25, 17-25). Неизвесен од трите, беше само вториот сет.
Вутер Тер Мат имаше 14 поени кај победникот, Ларс Ент додаде 11 поени, додека кај УГД Штип, Махди Задмард и Стојан Илиев дадоа по девет поени, а Александар Љафтов имаше осум поени.
Реваншот помеѓу УГД Штип и Орион Старс е закажан на 28 октомври во Македонија.