Алкараз: Ми недостигаа нервозата и притисокот

Мечо против Хаиме Фарија лесно можеше да се претвори во кошмар. Загубениот прв сет под рефлекторите на „Артур Еш“ би внел паника кај секој повратник од повреда, но за 23-годишниот Алкараз, тоа беше моментот кој конечно го разбуди ѕверот во него.

Наместо да бара лесна прошетка, тој уживал во фактот што бил притиснат до ѕид и морал да бара излез.

„Знаете што? Ми фалеа тие нерви. Ми недостигаше притисокот, онаа вистинска тензија кога е тешко и кога мозокот мора да работи со 200 на час за да најде решение“, гласеше неговата брутално искрена изјава која најдобро го опишува шампионскиот менталитет со кој располага.

„Искрено, воопшто не размислувам до каде ќе стигнам, сакам само да го завршам турнирот здрав. Кога ќе дојдат клучните поени, не комплицирам – целта е да бидам агресивен, да си го играм мојот тенис и да не го изгубам сопствениот идентитет на теренот. Тоа е она што ме води“, потенцираше Шпанецот.