Напаѓач од Канада потпиша за штипска Брегалница

Екипата на Брегталница се засили со Натаниел Лоренцо од Канада кој пристигнува да ги засили нападот на штипскиот тим.

Лоренцо има 21 година и треба да донесе голови за Брегалница која сезоната ја почна со две победи и три порази.

Тимот од Штип денеска од 18:30 го игра натпреварот од петтото коло на свој терен против Шкендија Арачиново.