Гвардиола: Следен чекор е пауза, па преземање на репрезентација

Пеп Гвардиола изјави дека по завршувањето на договорот со Манчестер Сити би можел да седне на клупата на некоја репрезентација.

Овој 50-годишен фудбалски стратег е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освојуваше титули со Барселона, Баерн и Манчестер Сити.

Клупата на англискиот клуб ја презеде во 2016. година, а последниот договор го врзува до 2023. година, кога планира да земе пауза.

Негова амбиција е еден ден да биде селектор на некоја репрезентација и да ја почувствува магијата на Копа Америка, Европско првенство или Светско првенство.

„Следен чекор ќе биде репрезентација, доколку се појави прилика. Пров морам да направам пауза по седум години поминати во Сити. Морам да паузирам и да гледам, учам од другите тренери и можеби да тргнам по тој пат. Би сакал да водам екипа на Европско првенство, Копа Америка или Светско првенство.“ – рече Гвардиола.