Рис Џејмс го пропушта Светското првенство во Катар
Фудбалерот на Челзи, Рис Џејмс, поради повреда нема да настапи на Светското првенство во Катар.
После разговорот со селекторот на Англија, Гарет Саутгејт, е одлучено дека Џејмс не е доволно опоравен после повредата на коленото која ја доби минатиот месец за време на натпреварот помеѓу Челзи и Милан во ЛШ. Бекот на клубот од Лондон последниов период имаше интензивна рехабилитација во Дубаи, но сепак нема доволно време за целосно закрепнување од повредата.
Според информациите, 22-годишниот Џејмс е длабоко разочаран од одлуката но во исто време ја разбира ситуацијата во која се наоѓа селекторот Саутгејт.
Англија на Мундијалот во Катар ќе игра во група со Иран, САД и Велс.