Вртоглав скок на акциите на Манчестер Јунатед на берзата
Акциите на Манчестер Јунајтед пораснаа за цели 17% по веста дека група катарски инвеститори се подготвуваат да поднесат многу сериозна понуда за купување на клубот.
„Дејли Мејл“ утрово ексклузивно откри дека претставници од Катар ќе испратат понуда до Глејзерс во наредните денови и се уверени дека оваа операција ќе успее. Катарците се подготвени да направат сериозни инвестиции во клубот доколку станат сопственици. Освен тоа, ќе се соочат и со еден многу сериозен проект, реновирање на „Олд Трафорд“ или изградба на нов модерен објект. Групацијата од Катар би му обезбедила и сериозни финансии на Ерик Тен Хаг за следниот летен преоден рок.
Очигледно, сите овие вести многу влијаеа за да се зголеми цената на клубот за речиси една петтина за само неколку часа. Сите потенцијални понуди за „црвените ѓаволи“ се очекува да пристигнат во наредните денови, по што ќе започнат преговорите.