Ван Гал и Клоп ја одбива германската клупа

Германската фудбалска репрезентација остана без селектор откако отказ доби Ханси Флик по поразот против Јапонија.

Како негови можни наследници се споменуваа Луј Ван Гал и Јирген Клоп, но ниту едниот ниту другиот нема да бидат нови селектори на Германија.

„Чест ми е што ме поврзуваат со Германија, но не верувам дека е реално такво нешто. Мислам дека ќе доведат Германец за тренер“, изјави Ван Гал.

За можноста Клоп да биде селектор на Германија зборуваше неговиот менаџер.

„Јирген има договор со Ливерпул и не е достапен за селекторската позиција на Германија“.