Ребров го објави списокот за клучниот натпревар против Македонија

Фудбалската репрезентација на Украина во октомврискиот циклус ќе и биде домаќин на Македонија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Натпреварот поради воениот конфликт во Украина, ќе се одигра на неутрален терен во Прага, а исто така имаат казна од УЕФА и нема да имаат можност да го исполнат целиот стадион. 

Во пресрет на натпреварот, украинскиот селектор Сергеј Ребров го соопшти списокот на играчи на кои ќе смета, а на него се наоѓаат 25 имиња и плус три резерви. 

Списокот на повикани играчи на Украина:

Голмани: 

Андриј Лунин (Реал Мадрид), Анатолиј Трубин (Бенфика), Грегориј Бушчан (Динамо Киев)

Одбрана: 

Илија Забарни (Борнмут), Виталиј Миколенко (Евертон), Бохдан Микаиличенко (Динамо Загреб), Сергеј Кривтсов (Интер Мајами), Јуким Конопља (Шахтјор), Микола Матвиенко (Шахтјор), Денис Попов (Динамо Киев), Олександр Караваиев (Динамо Киев)

Среден ред: 

Михаило Мудрик (Челзи), Олександр Зинченко (Арсенал), Виктор Циганков (Џирона), Руслан Малиновски (Џенова), Сергеј Сидорчук (Вестерло), Тарас Степаненко (Шахтјор), Георги Судаков (Шахтјор), Јехор Назарина (Шахтјор), Олександр Зубков (Шахтјор), Андриј Јармоленко (Динамо), Виталиј Бујалски (Динамо Киев)

Напад: 

Артен Довбик (Џирона), Роман Јаремчук (Валенсија), Владислав Ванат (Динамо Киев)

Покрај овие имиња, на списокот се и три резерви, Пихалонок, Сваток и Тимчук. Украинците три дена по дуелот со Македонија (14 октомври), гостуваат на селекцијата на Малта (17 октомври).