Лисандро Мартинез се повреди, ќе паузира до крајот на годината

Манчестер Јунајтед има проблем со голем број повредени играчи, слично како и голем број ривали, а менаџерот Ерик тен Хаг јасно потенцирал дека ситуацијата станува загрижувачка.

Лисандро Мартинез нема да може да игра до крајот на годината, со што „црвените ѓаволи“ во моментов не можат да сметаат на дури осум фудбалери од првиот тим.

„Распоредот само се згуснува, има се повеќе натпревари, а фудбалерите веќе не можат да го издржат тоа оптоварување. Голем број мои колеги го нагласуваат ова, јас зборувам на таа тема, но ништо не се менува. Фудбалерите не можат да издржат и ова што се случува сезонава е јасна потврда“, рече Тен Хаг.