Хаџиевски го напушти Вардар и се врати во Саудиска Арабија

Искусниот македонски стручњак, Ѓоко Хаџиевски пред некое време се врати во Вардар и тоа во улога на спортски директор се со цел да му помогне на клубот во овие тешки времиња.

Хаџиевски беше активен и дури вчера беше дел од прес конференцијата на која беа обелоденети некои работи, но денеска стигна вест дека тој договорил нов ангажман кој ќе значи заминување од нашата земја.

Името тој е назначен за нов тренер на второлигашот од Саудиска Арабија-Хајер. Се работи за тим кој по шест кола освои само 4 бодо по што раководството се реши да реагира и задачата за подобри резултати му ја довери на некогашниот македонски селектор.

Ѓоко има огромно искуство, знаење, има работено во овој дел од светот и тоа ќе се обиде да го искористи на најдобар можен начин.